Ветеранките на Стружанка ќе играат на Европското мастерс првенство

Тимот на Стружанка од 18 до 21 јуни ќе биде дел од Европското мастерс првенство во португалскиот град Сетубал.

Ветеранките на Стружанка ќе настапат во категоријата +43, каде се пријавени 11 екипи и поделени во две групи.

Стружанка ќе игра во групата Б заедно со тимовите на ФИФ (Данска), Есфера (Португалија), Острава (Чешка) и Париз (Франција).

Ова првенство ќе се игра во шест категории – две кај дамите (+33, +43) и четири кај мажите (+35, +45, +50, +55).