Пелистерци имаат гол негатива на полувреме против Спортинг Лисабон

Ракометарите на Еурофарм Пелистер губат минимално од Спортинг Лисабон на полувреме со 14:13 во натпревар од 11. коло од Лигата на шампионите.

Домаќините добро го започнаа натпреварот, поведоа со 3:0 во воведниот дел, а првиот гол за македонскиот шампион го постигна искусниот Хосни во 4-та минута. Спортинг Лисабон имаше контрола на играта и по десет минути игра неговата предност беше плус три, 6:3.

До овој момент, Митревски беше без интервенција, додека на спротивната страна Кристенсен имаше две. Следуваа два гола во низа на Еурофарм Пелистер за минус еден, 6:5, и од тој момент избраниците на Алонсо заиграа подобро.

Првото изедначување на натпреварот се случи кон средината на првиот дел кога десниот бек Хосни погоди за 7:7. По кам-бекот на пелистерци, домаќините одговорија со иста мера и дојда до 9:7 во 15-та минута.

Домашниот тим неколку минути подоцна дојде до 11:8, ракометарите на Еурофарм Пелистер се обидуваа повторно да се вратат во игра, но избраниците на Кошта беа повеќе пофокусирани и на пауза заминаа со предност од 14:13.