Норвешката репрезентативка, Стине Бредал Офтедал, го одигра последниот натпревар во богатата кариера, која ја заврши на најдобар можен начин – со злато од Олимписките игри.
Норвешка и Офтедал доминираа(т) во женскиот ракомет од 1998 година, и оттогаш освоија девет европски титули, четири светски и три олимписки титули.
На финалниот натпревар со Франција кој Норвешка го доби со 29-21, Офтедал беше насекаде – погодуваше, асистираше, се бореше за секоја топка како да е последна…
Сосема заслужено Офтедал се најде во Ол Стар тимот на ОИ 2024, а по доделувањето на медалите, таа заврши на рацете на своите колешки, кои и приредија специјално испраќање.
Таа постигна 25 гола на ОИ 2024 и подели дури 51 асистенција. Олимписка титула беше единствената што и недостигаше во кариерата на Офтедал, а сега ја комплетираше и колекцијата. Офтедал ја совладаа емоциите веднаш по звукот на сирената .
„Не можам да поверувам. Ова е нашиот последен заеднички момент, многу ми значи“, кажа Офтедал веднаш по финалето.
Покрај Офтедал, ова беа можеби последните Олимписки игри за ракометарки како Лунде, Мерк, Херем…но Хергеирсон најави дека веќе има во план замени за овие ракометарки и дека Норвешка одново ќе доминира во женскиот ракомет.