ПАРИЗ 2024: Кореја го доби трилерот со Германија!

Селекцијата на Кореја, која во минатото освојуваше олимписки медали, а сега не е во врвот, го направи второ изненадување во Париз, по она на Бразил.

Избраничките на Хенрик Сингел славеа против Германија со 23-22 во драматичен натпревар што беше решен во последната минута.

Во првиот дел се играше најчесто израмнето, иако во еден момент Кореја водеше со плус три, но Германија веднаш се врати во егал, а дури и поведе до паузата, 11-10.

Бундес тимот до средината на второто полувреме ја имаше контролата на теренот, успеа да поведе и со четири гола, 18-14, но како одминуваше времето така азиската репрезентација полека се враќаше во игра.

Израмнија Корејките на 19-19, потоа на две минути до крајот, за поведе со 22-21. Смитс и Гријселс промашија за реми, а во следниот напад кој беше под пасивност, казни Канг и можеше да почне славјето.

Најдобри стрелци во победничката репрезентација беа Ру и Канг со по шест гола, додека кај Германија, Дојл имаше шест гола, додека Гријселс погоди четири пати.