Светската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од четвртото коло на машкиот Олимписки игри.
Најдобрата двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе го суди дербито на денот меѓу Германија и Шпанија.
Овој натпревар ќе се игра утре со почеток во 16:00 часот, а делегати ќе бидат Јенсен од Данска и Аџемиан од Аргентина.
Двете репрезентации, и Германија и Шпанија, имаат по две победи и еден пораз, односно по четири бода, а со триумф на овој дуел може да го потврдат местото во четвртфиналето.
Македонските арбитри Николов и Начевски, претходно отсудија два натпревари – Словенија – Хрватска и Унгарија – Египет.