По поразот од Бразил, женската репрезентација на Шпанија загуби и вторпат на Олимписките игри во Париз, овојпат од Ангола со 26-21.
„Фуријата“ иако редеше победи на пријателските натпревари, сепак игра непрепознатливо на ОИ и сега е чекор подалеку од четвртфиналето.
До паузата најчесто се играше израмнето, двете селекции водеа со по еден или два гола, а на одмор Шпанија замина со водство, 15-14.
Но нападот на Шпанките затаи во вториот дел, постигнаа само шест гола и поразот од незгодна селекција како Ангола беше неизбежен.
Најдобра кај Анголките беше Ненганга со седум гола, а кај Шпанија, Кампос реализираше шест пати, а Гутиерез погоди четири.