Парите веќе не им се проблем – Гудјонсен потпиша за Колстад до 2030 година!

Иако минатото лето норвешкиот Колстад минуваше низ драматичен период, во кое беше доведено во прашање функционирањето на големиот проект, очигледно парите не се веќе проблем.

Последен на листата на ракометари кои ги продолжија соработките со Колстад е десното крило Сигвалди Гудјонсен.

Верувале или не, исландскиот репрезентативец се обврза на верност со норвешкиот првак дури до 2030 година.

Претходно Колстад го задржа тренерот Берге до 2027 година, левите бекови Симен Лисе и Сандер Сагосен до 2026, односно 2027 година, голманот Торнбјорн Бергеруд до 2025 година, како и средниот бек Ветле Ек Ага до 2027.

Колстад оваа недела ќе го одигра можеби решавачкиот натпревар за прогрес во осминафиналето од Лигата на шампионите против хрватскиот Загреб на домашен терен.