Паднаа првите откази во богатиот Рапид – Лопез и Раичевиќ си одат од Букурешт

Веднаш по ремито со Дунареа Браила, богатиот проект на Рапид Букурешт преку социјалните мрежи информираше за прекин на соработката со две искусни ракометарки.

Станува збор за репрезентативката на Шпанија, Марта Лопез и Црногорката Милена Раичевиќ, кои за овој дел од сезоната не ги исполнија очекувањата на раководството на клубот од романската престолнина.

Лопез во Рапид Букурешт пристигна во сезона 2021/22 од Валчеа, додека Раичевиќ, по случувањата во Будуќност, кон крајот на 2023 се пресели во амбициозниот романски тим.

Сепак, романскиот вицепрвак не игра според планираното ниту на домашна, ниту на европска сцена. Во Лигата на шампионите на седум натпревари оствари само една победи и едно реми.

Што се однесува на домашна сцена, клубот, во кој настапува и македонската репрезентативка Сара Ристовска, има биланс од шест победи, едно реми и три порази.