Ракометарките на Овче Поле СУ во натпревар од 2. коло од Женската лига на гостувањето кај Гевгелија забележаа победа од 23:18.
Иако избраничките на Илија Бетувски имаа минус два на полувреме, 9:7, сепак, со подобрата игра во последните петнаесетина минута дојдоа до посакуваната цел.
Најефикасна во тимот од Свети Николе беше Мартина Вучевска со шест погодоци, додека во домашниот состав прво име беше Елена Димова, имаше девет успешни реализации.
Во групата Б, во која се наоѓаат двете екипи, на победа се радуваше и Куманово, кој триумфираше над Пелистер со 29:26.
Спартак предводен од Зорица Андовска, која постигна 13 погодоци, славеше во натпреварот против Шампион со 22:16 (14:5).
Освен Андовска, во победничката екипа се истакна и Елена Крстевска со пет реализации, додека во поразениот табор Мила Филипова и Марија Бојковска ја предводеа листата на стрелци со по пет погодоци.