Овче Поле падна во Кичево

Тимот на Кичево славеше против Овче Поле со 27-25 во натпревар од 9 рунда во прволигашкиот плеј-аут, кој нема големо значење за екипите.

Гостите одржуваа рамнотежа во првото полувреме, иако Кичево водеше најчесто со еден или два гола, но на пауза се замина со реми.

Клучни беа последните десетина минути од натпреварот, кога по 22-22, Овче Поле влезе во серија грешки, а Кичево ги казни сите со голови за 27-22.

Гостите од Свети Николе до крајот постигнаа три гола во серија, но немаше време за нешто повеќе на овој натпревар.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Нацев и Стефаноски со по шест гола, а исто толку за гостите постигна Панев.