Тимот на Валинокс Новас, каде што игра македонскиот интернационалец Тоше Ончев, запиша победа на последниот меч од Дивизион Де Онор.
Новас на домашен терен го совлада составот на Чисне со 33-32, во натпревар на кој својот камбек по кратката пауза поради повреда го имаше Ончев.
Македонскиот бек имаше важна улога во драматичната победа на Новас и успеа да постигне три погодоци во противничката мрежа.
Следен предизвик за Ончев и неговиот тим ќе биде гостувањето кај лидерот на табелата Сиудад Реал.