Екипата на Олимпијакос славеше на третиот финален натпревар против АЕК Атина со 24:22 во плеј-офот од грчкиот шампионат и се наоѓа на чекор до освојување на шампионската титула.
Оној тим кој ќе победи на три натпревари ќе биде шампион на Грција, па така составот предводен од Жељко Бабиќ доколку триумфира на четвртиот натпревар, односно во четврток, тогаш ќе ја преземи титулата во свои раце, засега води со 2-1.
На денешниот одигран натпревар, кој беше проследен со големи возбудување, регуларниот дел од натпреварот заврши без победник, 21:21, а во продолженијата Олимпијакос беше повеќе пофокусиран.
АЕК Атина минатата сезона ја освои титулата во грчкиот шампионат, избори директен пласман во групната фаза од Лигата на Европа, но не успеа да направи прогрес и настапот во второто по ранг европско клупско натпреварување го заврши уште во првиот дел од сезоната.