ОЛ СТАР ТИМ: На 44 години го доби признанието МВП на Олимписките игри

Освен златниот медал, Норвешка замина дома и со три индивидуални нгради вклучувајќи ја и највредната – МВП. Голманката Катрин Лунде ја заврши играчката кариера со настапот на ЛОИ 2024, и истовремено беше избрана за МВП на турнирот. Одбрани 79 топки и имашепроцент на реализација од 42 отсто.

Голманката на Норвешка, Катрине Лунде претходно беше голман на Ол-стар тимот во Пекинг 2008 и Токио 2020 година и првпат во нејзината кариера беше МВП на едно големо меѓународно натпреварување.

Пет земји имаа свои претставници во Олстар тимот, меѓу кои и три шампиони. Завршувајќи ја својата кариера на високо ниво, со својата прва титула на Олимпијадата, централниот бек Стине Бредал Офтедал исто така беше избрана во Ол-стар тимот на нејзината позиција. Претходно, таа никогаш не била избрана во Ол-стар тимот на Олимписките игри.

Третиот играч на Норвешка кој успеал да влезе во Ол-стар тимот на Париз 2024 е пивотменот Кари Братсет Дејл, која беше најдобар стрелец на тимот со 29 гола.

Франција, сребрените медалисти, има тројца играчи во Ол-стар тимот: голманката Лаура Глаузер, десното крило Алиша Тубланк и левиот бек Естел Нзе Минко.

Бронзената Данска има еден играч во Ол-стар тимот, левото крило Ема Фрис, додека четвртфиналистот Унгарија ја имаше Катрин Клујбер, која е трет најдобар стрелец во Париз 2024 година, со 38 гола.

Најдобар стрелец на натпреварувањето беше десното крило на Шведска, Натали Хагман, со 41 гол, еден повеќе од француската бек Тамара Хорачек.

Олимписки игри Париз 2024 – Ол-стар тим (жени)

Голман: Лора Глосе (Франција)
Десно крило: Алисија Тубланк (Франција)
Десен бек: Катрин Клујбер (Унгарија)
Среден бек: Стине Бредал Офтедал (Норвешка)
Лев бек: Естел Нзе Минко (Франција)
Лево крило: Ема Фрис (Данска)
Пивотмен: Кари Братсет Дале (Норвешка)

МВП: Катрине Лунде (Норвешка)
Најдобар стрелец: Натали Хагман (41 гол)