Охриѓани поразени од српскиот шампион

Ракометарите на Охрид со пораз ги завршија подготовките во Србија, откако во Нови Сад загубија од Војводина.

Актуелниот шампион на Србија славеше против избраниците на Стевче Алушовски со четири гола разлика, 33:29, а резултатот на полувреме беше нерешен, 17:17.

Охрид во Србија настапи и на меморијалниот турнир „Вук Рогановиќ“, таму беше поразен од Партизан и Динамо Панчево.

Македонскиот суперлигаш последниот дел од подготовките за тековната сезона ќе го одработи на домашно тло.

Охриѓани си имаат обезбедено пласман во плеј-оф фазата од Супер лигата, а на преостанатите натпревари од регуларниот дел ќе имаат задача да одработат според планираното.