Охрид се подготвува за најважниот меч: Фан-зоната стартува од 17:30, ќе има и видео-бим пред салата!

Ракометарите на Охрид ги прават последните подготовки за реванш финалниот натпревар против Татабања од ЕХФ Европскиот Куп.

Утре од 20:00 часот се игра мечот, на кој ќе биде доделен трофејот, а забавата за охриѓани ќе започне многу порано.

Од 17:30 часот пред СРЦ „Билјанини Извори“ ќе има фан-зона, ќе биде отворен и фан-шопот, а за забавата ќе се погрижи ДЈ Фејс.

За оние што не успеаја да стигнат до билет за важниот натпревар ќе има и видео бим за следење на мечот во живо.