Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер е потврден како еден од учесниците во новата сезона во Лигата на Европа, додека екипата на Охрид и наредната сезона ќе игра во ЕХФ Европскиот Куп.
Со „апгрејдот“ на Вардар во Лигата на шампионите, битолчани го добија местото резервирано за македонскиот првак во Лигата на Европа според рејтингот, додека ЕХФ не го одобри барањето на „гладијаторите“ за место во ЛЕ.
Еурофарм Пелистер ќе биде дел од групната фаза во прв шешир и ќе биде дел од ждрепката што ќе се случи на 17 јули.
Битолчани во ЛЕ ќе стартуваат со натпреварите на 29/30 септември, а прво и второпласираните екипи ќе продолжат во елиминациската фаза, каде ќе им се приклучат трето и четвртопласираните од групите во Лигата на шампионите.
























