Јанкуловска во одлична форма – Дунајска Стреда во победнички ритам

Тимот на Дунајска Стреда, каде што игра македонската репрезентативка Ангела Јанкуловска, влезе во победнички ритам во регионалната МОЛ лига.

Дунајска Стреда, предводена од Јанкуловска, славеше против чешкиот првак Славија Прага со 33-28.

На паузата домаќинките водеа со 18-14, а во вториот дел само ја одржаа предноста и на крајот ги освоија двата бода.

Јанкуловска игра во одлична форма од стартот на сезоната и беше најефикасна во победничкиот состав со седум погодоци.

За Јанкуловска и нејзиниот тим претстојниот викенд следува голем предизвик, реваншот од второто коло на ЕХФ Европскиот Куп против италијанскиот Салерно. Првиот меч заврши реми, 25-25.