Во центарот на вниманието денеска ќе биде мечот меѓу Вардар и Висла Плоцк во СЦ „Јане Сандански“ од 20:45 часот.
Ова е дуел на кој со победа Вардар ќе ги продолжи надежите за место во ТОП 12 во Лигата на шампионите, а пораз практично ќе значи преселба во Лигата на Европа и место во елиминациите.
Тренерот Иван Чупиќ за оваа пресметка нема да смета на повредениот Милан Бомаштар, суспендираниот Урош Митровиќ, како и младите Никола Нечовски, Марко Ѓорчески. Во составот на Вардар ќе бидат Милан Лазаревски и Жоао Педро Да Силва, кои ги пропуштија првите две средби против Нант и Мелсунген.
Висла Плоцк дојде во Скопје со најсилниот состав, а ќе недостига само левото крило Ловро Михиќ.
Вардарци против Висла Плоцк имаат одиграно шест средби на кои досега запишаа три победи, две реми среби и еден пораз.

























