Се комплетираше 4 вонредно коло во машката младинска лига со победи на фаворитите.
Младинците на Бутел Скопје ја запишаа четвртата победа во четвртиот меч, откако славеа кај Илинден со 33-21. Предводници беа близнаците Трсунови – голманот Атанасиј запиша 11 интервенци, а бекот Архангел даде девет гола. Покрај нив се истакнаа Лука Јовиќ и Давид Аврамовски со по пет реализациии. Матеј Златановски беше најдобар кај Илинден со шест гола.
Во братскиот двобој во Битола славеше „двојката“ со 39-26. Андреј Дамчевски и Стефан Василевски беа најдобри стрелци кај победникот со по девет гола, а по пет за поразените дадоа Матеј Мачковски и Михаил Јовевски.
Вардар славеше убедливо на гостински терен кај Охрид со 36-25. Победникот на оваа средба не беше доведен во прашање бидејќи „црвено-црните“ уште од првиот дел имаа залиха од осум гола, 20-12. Предводник беше Бобан Поповски со осум гола, Давор Крстески даде шест, а по пет погодија Тео Радуловиќ, Марко Ѓорчески и Давор Мечкароски. Кај Охрид, Матео Силјаноски имаше седум погодоци, а пет гола даде Илија Трајчески.
Во дуелот на двата тима од Автокоманда победија прославија „витамините“ со 38-16. Клењоски, Трајковски, Костоски, Петрушевски и Гарбески погодуваа по четири пати за победникот, а Црцаревски даде седум гола за поразената екипа.
Младинци, 4 коло, резултати:
Охрид – Вардар 25-36
Илинден – Бутел Скопје 21-33
Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 26-39
Мулти Есенс – Алкалоид 38-16
Табела: 1. Бутел Скопје 8, 2. Мулти Есенс 8, 3. Вардар 6, 4. Еурофарм Пелистер 2 4, 5. Илинден 2, 6. Охрид 2, 7. Алкалоид 2, 8. Еурофарм Пелистер 0
























