Охрид сезонава испишува нова клупска историја, со пласманот во финалето на Купот на Македонија, полуфиналето во Купот на ЕХФ и со можноста да бидат и второпласирани во домашното првенство. Но, листата на рекорди и историски резултати веројатно ќе биде зголеман и со уште едно финале.
Во полуфиналето од Купот охриѓани со 26-19 го победија Еурофарм Пелистер. Со пласманот во финалето на Купот на Македонија, „гладијатрите“ направија голем чекор кон пласманот во Супер купот на Македонија. Таму играат првакот на Македонија и освојувачот на Купот.
Ако утре Охрид триуимфира во Купот ќе има загарантирано место во Супер Купот, а во спротивно ќе почека уште некоја недела. Мечот од Супер купот се игра на почеток од сезоната како најава за новото првенство. Актуелен освојувач на Супер купот е Еурофарм Пелистер.
На пет кола до крај на првенството, Вардар е на чекор до освојување на титулата и доколку ја освои титулата, тогаш најмногу ќе профитира Охрид. Како финалист на Купот охриѓани ќе добијат шанса да играа за нов трофеј.
Во меѓувреме Охрид го очекува и полуфинален меч од Купот на ЕХФ, и има добри шанси да се бори за второто место во првенството.

























