Охрид им се врати на победите, лесно го реши Аеродром

По поразот во Кавадарци од Тиквеш, тимот на Охрид им се врати на победите во суперлигашкото друштво, откако во СРЦ „Билјанини Извори“ го совлада новакот во елитата Аеродром со 31-23.

Охриѓани уште од стартот си го фатија редот, направија солидна предност, во вториот дел само ја одржуваа и зголемија, додека момците на Дарко Петровски немаа сили за уште едно изненадување по она во Битола.

Избраниците на Стевче Алушовски отворија со водство од 4-1, но аеродромци успеаја да се вратат на минус еден, 7-6. Тогаш како да застанаа гостинските ракометари и Охрид успеа со серија од пет гола да ја направи клучната разлика, 12-6.

Десното крило Стоилевски погодуваше најмногу во овој период, а по подолго време на терен се најде и Каракоч, кој стави точка на првиот дел со голот за плус седум на паузата, 18-11.

На стартот на вториот дел Костов и Митревски намалија на 18-14, но пак следуваше „црна дупка“ во играта на Аеродром и Охрид создаде комотна предност, 24-16. Гостите не се откажуваа и се бореа, но немаа сили да парираат на расположениот домаќин.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Орјоникидзе и Стоилевски со по шест реализации, додека кај Аеродром, Наум Костов даде осум гола. Во следното коло Охрид ќе игра со Скопје, додека Аеродром со Струга.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115
8СКОПЈЕ1402122