Охрид и „сино-белите“ од Автокоманда во втора рунда, можен е мак-двобој во Европскиот Куп!

Европската ракометна федерација ги објави екипите што ќе играат во Европскиот Куп во машка конкуренција претстојната сезона.

„Сино-белите“ од Автокоманда, кои беа трети во Супер лигата и четвртопласираниот Охрид обезбедија директно учество, додека Тиквеш побара вајлд-карта и ја доби.

Кавадарчани ќе стартуваат во првата рунда, ќе бидат во вториот шешир, додека другите две македонски екипи се директно пласирани во второто коло.

Тимот на Кире Лазаров ќе биде во првиот шешир пред ждрепката, додека Охрид е дел од вториот шешир, па може да има и македонски двобој во Европа.

Ждрепката за трите македонски екипи ќе се одржи на 16 јули од 11:00 часот, кога сите ќе ги дознаат своите ривали.