Со финалниот натпревар меѓу Вардар и „сино-белите“ од Автокоманда заврши третото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“.
Трката за најдобар стрелец на турнирот беше активна до последниот натпревар, а на крајот лидерската позиција ја поделија двајца ракометари.
Тоа се членот на Ловќен Цетиње, Божо Брновиќ, и ракометарот на Партизан, Никола Црноглавац, кои постигнаа по 21 погодок.
На Украинецот Горига му фалеше уште еден гол за да биде на делба на првата позиција, додека членот на Охрид, Гал Цирар постигна 19 погодоци.
ТОП 8 стрелци на Охрид 2024
1. Божо Брновиќ (Ловќен) – 21
2. Никола Црноглавац (Партизан) – 21
3. Дмитро Горига (Вардар) – 20
4. Гал Цирар (Охрид) – 19
5. Никола Костески (Алкалоид) – 18
6. Мартин Серафимов (Алкалоид) – 18
7. Милан Павловиќ (Динамо Панчево) – 18
8. Николас Лиапис (Олимпијакос) – 17