Крим Љубљана забележа сигурна победа на гостувањето кај Подравка со 27-24 во Регионалната ракометна лига и му се одмазди на големиот ривал за поразот во Словенија во истото натпреварување.
Иако конечните три гола разлика не ја покажуваат целосно сликата од натпреварот, словенечкиот тим во најголемиот дел од мечот имаше целосна контрола. Крим во второто полувреме во неколку наврати имаше и седум гола предност, додека Подравка со серија во финишот успеа само да го ублажи поразот.
Најефикасни кај победничкиот тим беа Зулиќ и Абина со по шест гола, а Зулиќ имаше и перфектен шут – погоди шест од шест обиди, вклучително и два седмерци, а запиша и пет асистенции.
Покрај Зулиќ и Абина, кај Крим, Јохансен постигна четири гола, додека Егери и Станковиќ имаа по три. Кај Подравка најдобра беше Бариќ со шест гола, Панджа постигна пет, а Шошо четири.
Кај Крим, Војновиќ запре седум удари, а Рисовиќ четири, додека кај домашните Бешен и Гудељ имаа по пет интервенции.


























