Офтедал е МВП на Ф4 во Будимпешта, Вјахирева е нај стрелец

Екипата на Ѓер со победа над Битигхјам од 30:24 во финалето на Ф4 турнирот во Будимпешта дојде до шеста титула во европската елита.

Унгарскиот вицепрвак последен пат титулата во ЛШ ја имаше освоено пред ковид пандемијата, односно во сезона 2018/19.

За најкорисен играч на годинешниот Ф4, односно МВП, беше избрана членката на Ѓер, Стине Офтедал.

Наградата за најдобар стрелец за оваа сезона замина во рацете на МВП играчот од ланската сезона – Ана Вјахирева.

Русинката иако со довчерашниот шампион Вајперс Кристијансад не учествуваше на Ф4 турнирот, сепак, сезоната ја заврши како најдобар стрелец со 113 погодоци.

 

Ѓер се врати на европскиот трон – дебитантот немаше сили за нова сензација