Екипата на Ѓер со победа над Битигхјам од 30:24 во финалето на Ф4 турнирот во Будимпешта дојде до шеста титула во европската елита.
Унгарскиот вицепрвак последен пат титулата во ЛШ ја имаше освоено пред ковид пандемијата, односно во сезона 2018/19.
Битигхјам со пласманот во самото финале на Ф4 турнирот испиша историја освојувајќи ги симпатиите на ракометните љубители.
Дебитантот даде сѐ од себе, но натпреварот го загуби уште во првиот дел, кој го доби Ѓер со 17:12.
Избраничките на Пер Јоханесон предноста ја сочуваа во вториот дел, во кој најчесто водеа со четири до пет гола разлика и во финишот успеаја да дојдат до поголема предност.
Третото место, односно бронзениот медал им припадна на ракометарките на Есбјерг, данскиот тим славеше над Мец со 37:33.