ОФИЦИЈАЛНО: Стрмљан ја замени Бундес лигата со Охрид

По тренерот Борис Ројевиќ и десниот бек Предраг Вејин, амбициозниот Охрид го промовираше второто играчко засилување за наредната сезона во која влегуваа со амбиции за борба за трофеи.

Репрезентативецот на Словенија, средниот бек Тилен Стрмљан, од следната сезона ќе биде дел од амбициозниот тим на Охрид. Тој се обврза на договор на две сезони и ќе остане покрај езерото најмалку до 2027 година.

Словенецот во македонскиот суперлигаш пристигнува од Бундес лигата, таму ја одработува втората сезона во Хановер, клуб кој важи за еден од најквалитетните во најсилната лига на светот.

Средниот бек токму во Хановер ја започна интернационалната кариера, претходно беше дел од словенечките екипи – Целје, Рико Рибница, Херц Шмартно и Рудар. Со Целје една сезона учествуваше во Лигата на шампионите и импресионираше со одличните партии, постигна 53 погодоци во сезона 2022/23.

Охриѓани имаат големи амбиции и полека склопуваат играчки мозаик кој ќе му овозможи на тренерот Ројевиќ борба за трофеи на македонската сцена, но и чекор напред на меѓународна сцена.