Екипата на Оденсе е последниот патник во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако без проблеми го елиминираше Сторхамар.
Данскиот тим на првиот натпревар убедливо победи со 33:20, додека на реваншот играше со половина сили и извојува победа од 25:21.
Данска ќе има два претставници во четвртфиналето, бидејќи, покрај Оденсе, пласман во ТОП 8 обезбеди и Есбјерг, кој како второпласиран од групата Б директно се пласираше во четвртфиналето.
Оденсе ќе се бори за место на Ф4 турнирот во Будимпешта против Ференцварош, а четвртфиналните дуели се закажани за 19/20 и 26/27 април.