Од пораз во победа за 45 секунди: Младост во драматичен меч во совлада Металург РА!

Младост Богданци се врати на победничките патеки во прволигашкиот плеј-оф, и на домашен терен со пресврт во последните секунди славеше против незгодниот Металург РА со 29-28.

Домашните ракометари иако губеа во последната минута со 29-28, сепак за 45 секунди успеаја да направат комплетен пресврт за голема радост на публиката што ја исполни салата „Млаз“ и направи одлична атмосфера.

Имаа домашните и плус четири во првиот дел, но дозволија гостите не само да се вратат во натпреварот, туку и да направат огромен пресврт во вториот дел, за плус четири за Металург РА, 22-18.

Но упорните ракометари на Младост не се откажуваа и херојски се бореа за бодови. Металург РА влезе со водство 29-28 во последната минута, но Атанасов погоди за реми, 29-29, а гостите имаа минута одмор.

Тие погрешија и казната стигна преку Ѓуриќ за 30-29 за Младост со голот на десетина секунди до крајот. Металург РА организираше напад, но немаше реализација и големата радост можеше да почне.

Осум гола за победникот имаше Атанасов, седум даде Роглев, а шест пати стрелаше Чрчев. Во гостинскиот состав се истакнаа Петровски со шест и Стефков со пет погодоци.

Младост Богданци сега има 21 бод на второто место и ќе ја продолжи трката со Радовиш за место во суперлигашкиот бараж.