Обрван со конкурентен тим ќе патува на Мундијалот 2023

Новиот селектор на женската репрезентација на Хрватска, Ивица Обрван, го објави списокот за настап на Светското првенство 2023, кое ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска.

Обрван за Мундијалот ќе може на најдобрите ракометарки, кои на Европското првенство 2020 го освоија бронзениот медал.

На списокот кај Обрван партиципираат 22 ракометарки, вкупно десет од нив доаѓаат од двата најдобри хрватски клубови – Подравка и Локомотива Загреб.

Меѓу повиканите ракометарки се и Ќамила Мичијевиќ, Теа Пијевиќ, Ивана Капитановиќ, сестрите Дора и Лариса Калаус, Валентина Блажевиќ…па така Обрван ќе има конкурентен тим на Светското првенство.

Хрватска за ривали на Светското првенство ги има репрезентациите на Кина, Сенегал и Шведска. Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во следната фаза.