Објавен идеалниот тим на сезоната – Барса и Фуксе Берлин во главна улога

Европската ракометна федерација го објави Тимот на сезоната во машка конкуренција за натпреварувачката 2025/26, веднаш по завршувањето на европската клупска сезона.

Во идеалниот состав доминираат освојувачот на Лигата на шампионите, Барса, со четворица ракометари, како и финалистот Фуксе Берлин со тројца претставници. Еден играч доаѓа од Магдебург, додека европскиот шампион Данска има дури четири свои репрезентативци во најдобриот тим.

Изборот беше направен преку гласање на четири групи – навивачи, играчи, тренери и медиуми, при што секоја категорија учествуваше со по 25% во конечниот резултат.

Тим на сезоната 2025/26, мажи:

Голман: Емил Нилсен (Данска / Барса)
Лево крило: Тим Фрајхофер (Германија / Фуксе Берлин)
Лев бек: Ласе Андерсон (Данска / Фуксе Берлин)
Среден бек: Домен Макуц (Словенија / Барса)
Пикер: Магнус Саугструп (Данска / Магдебург)
Десен бек: Матијас Гидсел (Данска / Фуксе Берлин)
Десно крило: Алеиш Гомез (Шпанија / Барса)
Најдобар дефанзивец: Лудовик Фабрегас (Франција / Барса)

Од осумтемина избрани ракометари ЕХФ дополнително ќе го избере и најкорисниот играч (МВП) на сезоната.

Името на МВП, како и признанието за најдобар млад играч во сезоната 2025/26, ќе бидат соопштени на ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите, која ќе се одржи на 26 јуни.