Oдличен почеток за Ѓорѓиевска и Магура во Лигата на Европа

Капитенот на сениорската репрезентација на Македонија, Елена Ѓорѓиевска со своите колешки од тимот на Магура имаше одличен старт на сезоната во Лигата на Европа откако како гостинки го совладаа составот на Баник Мост со 27:26.

Таа беше стрелец на два гола и со нив помогна за победата над Баник. Ова беше средба во која гостинките отворија одлично и во 13. минута имаа резултат од 6:1. Овие плус пет беа одлично отворање на натпреварот и најава за триумф.

Водството се чуваше до 24. минута кога Магура водеше со 12:7, а потоа дојде до опуштање и на одмор беше 12:10.

Во второто полувреме имаше израмнета игра, но Ѓорѓиевска и колешките од Магура ги добија последните минути од средбата за триумф од 27:26 и два бода за одличен старт на сезоната.