Од 23 до 26 август во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одржи второто издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“.
Ќе играат осум екипи, секој ден ќе се играат по четири натпревари, а нив ќе ги судат осум судиски двојки, меѓу кои ќе бидат и најдобрите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Тука се уште Вукашиновски-Трајковски, Кркачев-Колевски, Седлоски-Ангелески, Георгиевски-Георгиевски, Јовановски-Андонов, како и Лела Јашар и Михаела Капсарева.
Меѓу делегатите ќе бидат Славчо Ристески, Славчо Каланоски, Игор Огненов, Илија Цветкоски, Ацо Николовски, Душко Камишевски и Камер Металари.
Во групата А ќе играат екипите на домаќинот Охрид, Бешикташ, Голден Арт и Олимпијакос, додека во групата Б се наоѓааат екипите на Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер, Татран Прешов и Металопластика Шабац.