Ново голманско шоу на Томовски во Бундес лигата!

Македонскиот интернационалец Мартин Томовски повторно имаше одлична партија во Бундес лигата, но повторно неговиот Потсдам беше поразен.

Тимот на Томовски во натпревар од 24. коло за ривал го имаше Ерланген, добро се држеше, но попушти во финишот и загуби со 26:23.

Томовски натпреварот го заврши со 12 интервенции (33% успешност), со што уште еднаш покажа дека се наоѓа во одлична форма.

Победничката екипа беше предводена од Виго Кристијансон, кој постигна осум погодоци.

Потсдам во досегашниот тек од сезоната има забележано само една победа, онаа против Штутгарт.