Норвежанецот Грондал го одбра ГОГ пред ПИК Сегед

Средниот бек Тобијас Грондал потпиша договор со ГОГ Гудме и од лето ќе го облече дресот на данскиот првак.

Норвежанецот неколку сезони наназад имаше одлични партии за Елверум, каде се уште игра и го привлече вниманието на многу клубови.

Во ГОГ Гудме ќе биде замена за легендарниот Мортен Олсен, кој уште пред крајот на есенскиот дел од сезона си замина од клубот.

Интерес за Грондал пројавуваше и ПИК Сегед, но таму потпиша српскиот репрезентативец Лазар Кукиќ и тука заврши приказната.

Грондал ќе комплетира пет сезони во Елверум на лето пред да се пресели во Данска каде ќе го има првиот интернационален предизвик, а претходно го носеше дресот на Хаслум.