Репрезентациите на Норвешка и Франција со ,,три од три” го завршија настапот во групната фаза на Европското првенство 2024.
Во последното коло од групната фаза, актуелниот бранител на титулата без проблеми одигра против Словачка, триумфираше со 38:15
Франција во 3. коло за ривал ја имаше Португалија и одигра според очекуваното, со одличната игра во двете полувремина стигна до 28:16.
Шведска и Турција, кои беа ривали на Македонија во групната фаза, денеска го имаа своето соочување на континенталните собири.
Скандинавската селекција уште во првото полувреме, кое го доби со 25:12, ја оправда фаворитската улога.
Избраничките на Акснер се изнаиграа 60 минути, постигнаа 47 гола, а примија само 19.