Норвешкиот шампион Колстад третa година по ред се наоѓа во големи финансиски проблеми, бидејќи амбициозниот проект е во минус. Загубата за 2024 година е најголема досега – околу 6 милиони норвешки круни (приближно 500.000 евра).
Иако приходите значително се зголемиле (од 14 милиони норвешки круни во 2021 година – околу 1,2 милиони евра, на 78 милиони круни во 2023 – 6,7 милиони евра), трошоците растеле многу бргу, достигнувајќи речиси 84 милиони круни, односно 7,2 милиони евра) во 2024.
Поради финансиските правила во Норвешка, Колстад нема да може да купува странски играчи додека не ја стабилизира финансиската состојба, а забраната трае најмалку до јуни 2026.
Поради финансиските проблеми, клубот мораше да го продаде Сандер Сагоесен на Алборг, но ниту продажбата на големата ѕвезда не помогнало норвешкиот шампион да излезе од минус.
Во 2023 година, Колстад беше принуден да преземе мерки за стабилизација. Клубот тогаш најави намалување на платите на ракометарите, при што играчите се согласија на намалување од 30% од нивните примања,
Само три месеци пред официјалната забрана, клубот потпиша договор со шведскиот голман Андреас Палика од ПСЖ.