Кружниот напаѓач Владимир Јевтиќ по настапите за Партизан ќе има нов предизвик во кариерата – тој се врати во Металопластика Шабац.
Откако беше продолжена соработката со тренерот Давид Рашиќ, а во клубот пристигнаа Филип Миловановиќ, Огњен Карлаш и голманот Никола Чировиќ, сега е потврдено и враќањето на некогашниот пивот на Бутел, кој во македонскиот шампионат играше од 2022 до 2024 година.
Српскиот пивот доаѓа од Партизан, претходно настапуваше и за Врање, а добро е познат во Шабац, бидејќи токму во Металопластика ги направи првите сериозни сениорски чекори.
Јевтиќ беше дел од Металопластика во периодот од 2012 до 2017 година, а сезонава со Партизан го освои Купот на Србија, а сè уште е во трка и за шампионската титула.

























