Македонската репрезентативка Ангела Јанкуловска игра во одлична форма во финишот на сезоната во чешкиот шампионат.
Нејзиниот тим Славија Прага славеше во првата средба од финалето на плеј-офот кај Хазена Кинжварт со 29-27.
Јанкуловска, како и на претходните средби, и овојпат беше најдобра на теренот и успеа да постигне седум гола, од кои три од пенал.
Утре се игра втората средба од финалната серија, на која со победа, Славија Прага и Јанкуловска ќе бидат шампиони на Чешка.

























