Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите на Охрид и Татабањата во финалето на ЕХФ Купот.
Првиот натпревар што ќе се игра на теренот на унгарскиот тим на 24 мај од 17:00 часот ќе го судат арбитри од Молдавија.
Станува збор за Виктор Сердиук и Доријан Сирбу, додека делегат во Татабања ќе биде Борис Милошевиќ од Хрватска.
Реванш средбата во СРЦ „Билјанини Извори“ меѓу Охрид и Татабања е закажана за 31 мај од 20:00 часот.
Овој меч ќе го судат португалските браќа Роберто и Даниел Акото Мартинс, а делегат ќе биде Чехот Јири Опава.

























