Николовски и Металари ќе му судат на европски гигант во Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од последната рунда во Лигата на шампионите кај дамите.

Двоецот Ненад Николовски и Исмаил Металари ќе патува во Унгарија и ќе го суди натпреварот во „Ауди Арена“.

Тоа е мечот меѓу петкратниот европски шампион Ѓер и францускиот Брест Бретањ, кој нема особено значење за домашните кои го обезбедија првото место, но за гостинките е особено важен во борбата за што повисока позиција.

Овој натпревар се игра во „Ауди Арена“ на 17 февруари со почеток во 18:00 часот, а делегат ќе биде Хрватот Сокол.