Final - Croatia vs Denmark, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Baerum Oslo, Norway, 02.02.2025, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

„Ние сме најдобрата репрезентација што некогаш постоела“

Репрезентацијата на Данска стигна до четврто злато во низа на Мундијалите, откако во финалето на Светското првенство славеше над Хрватска со 32:26.

Добар настап на Мундијалот имаше левиот бек на Силкеборг, Расмус Лауге Шмит, кој на последните натпревари беше клучен играч во старо-новиот светски шампион.

,,Ние сме најдобрата репрезентација што некогаш постоела. Не можам да се сетам на која било друга репрезентација што имала ваков успех. Едноставно, премногу сум мотивирам да играм со овие момци”, кратко коментираше Лауге.

33-годишниот ракометар не настапи на Мундијалот во Египет (2021), а во својата колекција на медали има пет златни медали од големите натпреварувања.

Петто злато за Јакобсен – сега е трет на вечната листа тренери-шампиони!

 

Моќната Данска стигна до четврто светско злато во низа!