Несекојдневна партија: Одбрани 11 од 12 упатени удари кон нејзиниот гол! (ВИДЕО)

Селекцијата на Словенија имаше победнички старт во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година.

Избраничките на Драган Аџиќ ја совладаа репрезентацијата на Летонија со 51-13, а во вториот дел примија само два гола.

Клучен фактор за тоа беше кадетката Дијана Ѓајиќ, која доби шанса од селекторот Аџиќ во второто полувреме.

Таа успеа да одбрани дури 11 од 12 упатени удари кон нејзиниот гол од летонските репрезентативки.

Погледнете дел од нив…