Нексе го доби балканското дерби против Горење, нов пораз за Војводина во ЛЕ

Денеска се одиграа натпреварите од 3. коло од главната фаза во второто по ранг европско клупско натпреварување – Лига на Европа.

Амбициозниот тим на Нексе, кој во продолжението од сезоната ќе биде предводен од Веселин Вујовиќ, славеше над Горење Велење со 34:27.

Овие две екипи се сретнаа минатиот викенд, тогаш словенечкиот претставник успеа да се избори за бод против клубот од Нашице.

Српскиот Шампион Војводина го доживеа третиот пораз во главната фаза, откако на гостувањето во Германија кај Фленсбург загуби со 12 гола разлика, 42:30.

Ниту 12-те погодоци на екс ракометарот на Вардар, Грегор Оцвирк, како и 12-те одбрани на Фран Лучин, не беа доволни за пристоен пораз на клубот од Нови Сад.

Во романското дерби, тимот на Динамо Букурешт повторно ја доби битката против Констанца, овојпат триумфираше со 33:25.

Предводник во тимот на Чави Пасквал беше Лука Циндриќ со осум погодоци, шест додаде Акименко.

Лига на Европа – главна фаза, 3. коло, резултати:

Група А
20:45 Хановер – Рајн Некар 24:32 (13:15)
20:45 Забже – Нант 22:31 (12:16)

Група Б
18:45 Скјерн – Савехоф 33:34 (16:18)
20:45 Нексе – Горење 34:27 (17:15)

Група Ц
18:45 Кадетен – Силкеборг 33:34 (17:19)
18:45 Фленсбург – Војводина 42:30 (20:16)

Група Д
18:45 Констанца – Букурешт 25:33 (11:16)
20:45 Спортинг – Фуксе 32:28 (17:17)