Неготинци „победнички“ ја завршија полусезоната – се сврши капитенот Кузманов (ФОТО)

Паузата меѓу двете сезони спортистите ја користат за да се посветат малку и на приватниот живот.

2023 година, во која Вардар Неготино успеа да избори опстанок во Супер лигата, но ќе мора истото да го направи и во 2024, заврши во „победнички“ стил.

Капитенот Драган Кузманов доби „ДА“ на прашањето дали ќе му стане сопруга од неговата доскорешна девојка Миља Стојановиќ.

Младиот среден бек Кузманов потекнува токму од Вардар Неготино, а една сезона од кариерата мина во тимот на Прилеп.