Ракометарите на Вардар во рамки од првото коло од плеј-оф фазата беа поразени на гостувањето во Битола од актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.
Вардарци иако добро се држеа во првиот дел, сепак, поради кратката ротација потфрлија во вторите 30 минути, во кои домаќините одиграа на посакуваното ниво.
Тренерот на Вардар, Владо Недановски, истакна дека битолскиот тим бил подобар во секој сегмент од играта, додека неговите избраници физички паднале во второто полувреме.
,,Ротацијата ни беше најголем проблем, во второто полувреме физички паднавме, се гледаше дека противникот имаше снага. Еурофарм Пелистер заслужено победи, домаќините во секој сегмент од играта беа подобри и можеме да им честитаме за одличната игра. Јас и пред натпреварот кажав дека фаворит е Еурофарм Пелистер, сепак, ова е почеток, прво коло, остануваат уште многу натпревари, ништо не е загубено, реваншот го играме на домашен терен и доколку издржиме, можеби ќе одлучува тој дуел”, изјави Недановски.
Вардар за следен ривал во плеј-оф фазата го има тимот на Пролет, кој денес загуби од вицепрвакот.
Ангеловски: Драго ми е за граѓаните на Битола, победата им ја посветувам на нашите навивачи!
Шампионот Еурофарм Пелистер за десет минути го „реши“ дербито во Битола