Ангеловски: Драго ми е за граѓаните на Битола, победата им ја посветувам на нашите навивачи!

Македонското ракомет „Ел класико“ во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар го доби актуелниот шампион, и тоа со добра игра, за само „десет минути“ во второто полувреме, колку што траеше налетот на зелените кои победија со 27-21 (10-10).

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Бранко Ангеловски, ги сподели своите впечатоци по добиената битка со „црвено-црните“.

,,Мислам дека ротацијата на голманите вроди со плод и Лесјак беше тој кој ни даваше сила, во вториот дел бевме без измена и тука искористивме брза транзиција, во првиот дел имавме тактички варијанти, игравме со две измени…Јас би бил задоволен и со еден гол разлика, натпреварот сам се отвори, пак ќе кажам, ротацијата со Лесјак и неговите одбрани во финишот,, ротацијата на десната страна, беа пресудни и можам да го пофалам Тајник за одлучноста во клучните моменти во првото полувреме, во вториот дел беше конкретен. Драго ми е за оваа публика, посебно за граѓаните на Битола, им благодарам на сите, од прв до последен, победата им ја посветувам на нашите навивачи, на навивачката група „Чкембари“ и се надевам на уште поголеми успеси во иднина”, изјави Ангеловски.

Пелистерци нема да имаат многу време за прослава, бидејќи во четврток ќе ги одмерат силите со гигантот ПСЖ во натпревар од Лигата на шампионите.

Шампионот Еурофарм Пелистер за десет минути го „реши“ дербито во Битола