Не се знае дали ќе опстанат, но ја посакувааат Солберг во своите редови!

Трикратниот европски шампион Вајперс Кристијансад од Норвешка извесен период се соочува со големи финансиски проблеми.

Според пишувањата на норвешкиот весник „ВГ“ на Вајперс Кристијансад му се потребни 6.000.000 круни (околу 525.000 евра) за да преживее до крајот на сезоната.

Сепак, иако има финансиска криза, раководството на клубот во своите редови ја посакува голманката Силје Солберг, која го брани голот на Ѓер.

Весникот „ВГ“ тврди дека и покрај финансиската криза, норвешкиот шампион е блиску до потпишување договор со искусната голманка.

Силје Солберг на лето ќе ја заврши својата авантура во унгарскиот гигант Ѓер и најверојатно ќе се врати во својата татковина.

На европскиот шампион му требаат над 500.000 евра за да преживее!