Не се снајде во Битола и замина по пет месеци, сега се пресели во Шведска

Данскиот кружен напаѓач Андреас Нилсен, кој беше дел од Еурофарм Пелистер, има нов предизвик во кариерата.

Нилсен потпиша за шведскиот Онередс и веќе настапи на три меча од тамошниот шампионат на кој постигна шест погодоци.

Данецот дојде во македонскиот шампион по препорака на Каспер Кисум, но не покажа дека може да биде засилување.

По само пет месеци во кои не се избори за голема минутажа си замина од Битола и по настапите за Еурофарм Пелистер, ангажманот во Шведска е втор интернационален предизвик.