Пред „Веспрем Арена“ се одржа протест на навивачите на Веспрем против главниот тренер Момир Илиќ.
Навивачите сакаа да го изразат своето незадоволство, откако раководството на унгарскиот гигант реши да му даде поддршка на Илиќ и да го остави на функцијата најмалку до крајот на сезоната до кога му трае актуелниот договор.
На протестот меѓу 500 поддржувачи на клубот, беше присутен дури и градоначалникот на Веспрем, Ѓула Порга.
Веспрем беше елиминиран од данскиот Алборг во Лигата на шампионите, а допрва го очекуваат настапот на Ф4 во Купот на Унгарија, како и во финалната серија од унгарскиот шампионат.